Ден на рибарите, одбележан со традиционално капење во Охридското езеро
Ден на рибарите, одбележан со традиционално капење во Охридското езеро

Снегот и ниските температури не ги спречија охриѓани да ја продолжат традицијата од неколку децении и да го одбележат Денот на рибарите, со капење во езерото кај Сараиште. На овој ден се одбележува почетокот на риболовната сезона.
„Од време од кога се памти на овој ден завршува мрестот и рибарите почнуваат со ловење на пастрмката.И многу е голем ден е ова за нашите охриѓани.Со тек на време изменети се живеалиштата на некои риби.Пастрмката е многу подлабоко,доаѓа за мрест, но после мрестот пастрмката се повлекува.Има риба не да нема, но можи да има снемано“, рече еден граѓанин.
„Кое е најголемото парче пастрмка што сте го уловиле?Седум-осум килограми“, изјави друг граѓанин.
Покрај капење во езерото, имаше и топла ракија, греано вино, плашица и пача.
„Ова е најубавиот ден. Ја продолжуваме традицијата.Цел живот се капам, 40 години.И татко ми е еден од најстарите скокачи.Но во темница скокале тие на времето“, додаде друг граѓанин.
До пред ковид пандемијата на овој ден, во голем казан се вареше и рибна чорба, а се скокаше и по буре со црвено вино./Аласт.мк
Мики Трајковски