ВЕСТИРЕГИОН

Денеска ден на жалост во Хрватска, почит за настраданите во земјотресот

Со знамиња на половина копје на сите државни и локални институции, во Хрватска денеска им се оддава почит на жртвите.

Advertisements

Девојче од Петриња, пет лица во Мајске Полјане кај Глина и маж од Жажине се седуммината кои ги изгубија животите во разорниот земјотрес од 29 декември со епицентар кај Петриња, а неколку десетици беа повредени.

Според проценките, оштетени се повеќе од 2 000 објекти. Уништени се бројни куќи, згради и институции, а најмногу страдаше центарот на Петриња, кој е речиси срамнет со земја.

Голем број од жителите на Петриња, Сисак, Глина и околните села останаа без покрив над главата. Штети има и во окрузите Загреб и Крапина-Загорје, но и во Загреб.

Јачината на земјотресот што се случи на 29 декември во 12,19 часот беше 6,2 степени според Рихтер, а интензитетот во епицентарот бил VIII-IX степени според Европската макросеизмичка скала.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button