ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денес имаме затемнување на Сонцето
„Гледањето на затемнувањето на Сонцето со двоглед, апарат или телескоп без соодветни филтри е полошо и од гледањето со голо око“ – предупредуваат офталмолозите. Каде во Скопје можете безбедно да го проследите реткиот небесен феномен и во колку часот?

Денеска ќе имаме можност да проследиме редок феномен на небото, кога Месечината делумно ќе го прикрие Сонцето, а со цел граѓаните да можат безбедно да го набљудуваат овој феномен Скопското астрономско друштво најави дека на плоштадот ќе биде поставен телескоп.
Настанот ќе започне од 11:30 часот, а максимумот на затемнувањето се очекува да се случи околу 12:30 часот.
Според проценките, кај нас Месечината ќе го преклопи Сонцето околу 30 проценти.