
21 мај е првиот ден од планетарното владеење на Близнаците. Со ова, почнува еден од најживописните, најкомуникативни и најдинамичните астролошки периоди во годината.
Близнаците се знак кој сам по себе носи движење, љубопитност и отвореност кон нови искуства, па интроспективната и сензуална сезона на Бикот, сега доаѓа време за нови разговори, идеи, дружење и спонтани патувања.
Владеењето на овој воздушен знак ќе трае до 20-ти јуни.
Како ќе влијае сезоната на Близнаци на секој хороскопски знак?
Овен
Следните 30 дена ќе ви донесат нов бран на идеи и одлична можност за поврзување со нови луѓе, како и луѓе од странство.
Вашиот социјален живот ќе стане поактивен, комуникацијата – побрза, а вашиот ум ќе биде поостар од вообичаеното.
Ова е идеално време да научите нешто ново или да организирате спонтано викенд патување.
Владеењето на Близнаците ќе ви даде можности да ги преиспитате вашите навики за трошење пари, а можеби ќе пронајдете и нови начини за заработка.
Ако се занимавате со пишување, образование или продажба – ова е силен период за вас, кој мора да го искористите.
Близнаци
Вашето време доаѓа со силен бран на самодоверба и мотивација.
Ќе имате чувство дека сите во околината ве ценат, а вие ќе бидете енергични и подготвени за нови почетоци.
Искористете го вашиот период за да оставите личен печат на секое поле, но и да почнете проекти кои ќе ви донесат голема полза до крајот на годината.
Рак
За вас сезоната на Близнаци ќе биде време за повлекување – интроспекција, насоченост кон себе и емоционално чистење.
Ова ќе бидат 30 дена во кои ќе претпочитате тишина, ќе затворите некои постоечки циклуси (без оглед дали се деловни или љубовни).
А потоа, очекувајте големи промени на подобро, бидејќи вашата сопствена сезона доаѓа наскоро.
Лав
Во следните 30 дена во вашиот живот ќе преовладуваат забава, дружење и тимски дух.
Додека трае сезоната на Близнаци ќе имате идеална можност за вмрежување, за учество на големи настани или за поврзување со луѓе кои имаат слични интереси.
Вашите деловни идеи ќе бидат поддржани преку групни проекти, што ќе ви донесе дополнителна сатисфакција.
Девица
Во текот на следните 30 дена, вашиот фокус ќе биде ставен на кариерата.
Сезоната на Близнаци ќе ве охрабри да се истакнете професионално, без разлика дали ќе биде тоа преку јавно говорење, презентации или донесување одлуки.
Внимавајте на деталите – во наредниот период тие ќе бидат поважни од големата слика.
Вага
Ваги, ова ќе биде време за учење, проширување на хоризонтите и ментална стимулација.
Сезоната на Близнаци ќе ви донесе желба за авантура, без разлика дали преку патување, љубов или образование.
Ова е време кога треба да се фокусирате на себе – да учите странски јазици или да бидете инспирирани преку културата и уметноста.
Скорпија
За вас, сезоната на Близнаците ќе донесе емоционална длабочина и мали финансиски превирања.
Следните 30 дена се идеално време за расчистување стари долгови, наследства и слично.
Исто така, може да се појави потреба за поголема интимност и поврзаност во саканата личност.
Стрелец
Во следните 30 дена во центарот на вашето внимание ќе биде љубовта.
Без разлика дали сте во врска или барате нова љубов, сезоната на Близнаци ќе донесе нова динамика во вашите врски.
Важно е да слушате, да комуницирате, но и јасно да ги искажете вашите граници, ако постои потреба за тоа.
Јарец
За вас, следните 30 дена ќе бидат време за организација и подобрување на дневната рутина.
Можеби ќе почувствувате потреба подобро да го структурирате денот, да се посветите на здравјето или да воведете нови навики што ќе ви ја зголемат продуктивноста.
Технолошките решенија можат да ви помогнат да останете на вистинскиот пат.
Водолија
Во следните 30 дена ќе се наоѓате во креативен наплив и тоа ќе ве „крева“ психички.
Сезоната на Близнаци ќе ве охрабри да се изразите себеси преку уметност, музика, романтични авантури или хобија.
Ова е одлично време повторно да се поврзете со вашиот извор на радост, кој и да е тој.
Риба
Кај вас во следните 30 дена фокусот ќе се врати на домот, семејството и личниот живот.
Можеби ќе сакате да поминете повеќе време затворени во вашиот личен простор, да го уредите или да се вратите на вашите корени.
Интимните разговори и емоционалната поврзаност со најблиските ќе ви донесе голема утеха.