ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска 247 нови случаи, 15 починати, 321 оздравен пациент

Во последните 24 часа се направени 737 тестирања, а регистрирани се 247 нови случаи на Ковид-19. Најмногу ги има во Скопје-116, Прилеп-23, Охрид-14, а во Тетово и Гостивар има по 10 нови случаи. Починати се 15 лица на возраст од 49 до 78 години, сите во болнички услови. Во истиот период, Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравен пациент и тоа најмногу во Скопје, Струмица, Прилеп, Куманово и Кочани. Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27.199, оздравеа 18.948, а досега починаа 934 граѓани. Бројот на активни случаи изнесува 7.317.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button