МАКЕДОНИЈА
Денеска 641 нов случај на Ковид-19, починаа 12 пациенти, излекувани 233

Во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на Ковид-19. Најмногу се во Скопје-325, Прилеп-38, Куманово-26, Тетово и Штип по 25. Најмалку нови случаи има во Дебар и Крушево, по само еден. Починати се 12 лица на возраст меѓу 43 и 78 години, а оздравени се 233 пациенти. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24.836, оздравени се 17.905, починаа 862, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 6.069.