
Од болниците во земјава денеска се планира испис на 8 пациенти кои ќе бидат пуштени на домашно лекување, рече денеска министерот за здравство, Арбен Таравари. Како што појасни тој, по денешниот испис, хоспитализирани во државата ќе останат 14 пациенти чија состојба е стабилна.
„Во странство, повторно добри вести, остануваат 91 пациенти, 9 се враќаат денеска…и за критичните пациенти добиваме добри вести, иако сѐ уште се во тешка состојба, се наоѓаат во подобрена состојба во споредба со вчерашниот ден“, рече Таравари.