Денеска е последен ден од Рамазанскиот пост, утре е Бајрам

Муслиманските верници ги прават последните подготовки пред утрешното празнување на Фитр Бајрам. На овој ден семејствата се собираат заедно, а солидарноста се истакнува како во ниту еден друг период од годината. Најрадосни се децата кои со нетрпение чекаат да се облечат во нови алишта.
“Од порано се спремив. Што си купи за Бајрам? Облека. Пантолони, кошула и патики. Многу сум радосен. Која боја? Панталоните се црни, кошулата виолетова, а патиките бели. Честит нека биде празникот Фитр Бајрам”, Дете
“Се подготвив со црни пантолони, сини патики и бела кошула. Многу сум среќен. Честит Бајрам на сите муслимани”
Граѓаните со кои зборувавме ни рекоа дека се надеваат оти добрите работи што ги направиле во Светиот месец Рамазан ќе им бидат прифатени од Бога.
“Едвај го дочекавме, но и мака ни е што помина Светиот месец. Сè беше во ред. Задоволни сме од сè”, Граѓанин
“Секако дека го чекаме со нетрпение. Малите, децата, тие се радуваат најмногу затоа што добиваат облека”, Граѓанин
“Речиси цел месец се трудевме да правиме добри дела, добри работи и да се молиме. Да ги радуваме децата, соседите, семејството, се трудевме сè најдобро”, Граѓанин
“Го чекаме како и сите муслимани, со голема желба”, Граѓанин
За време на 30-дневниот пост, муслиманските верници земаа од себе за да им помогнат на другите. Оние верници кои беа посветени за време на рамазанскиот пост од утре се враќаат во секојдневието и со вообичаените периоди за оброците. Главната церемонија во Скопје ќе се одржи утре рано наутро во Мустафа Пашината џамија. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми