
27 март е познат како Светски ден на театарот од 1962 година, откако овој ден беше инициран на 9. Светски конгрес на Меѓународниот театарски институт – ИНТ на УНЕСКО во 1961 година, на предлог на Финска.
Меѓународниот театарски институт (ИНТ) е основан во 1948 година од УНЕСКО и е најважната невладина организација во областа на изведувачките уметности.
ИНТ инсистира на унапредување на меѓународната размена на знаење, стимулирање на креативноста и зголемување на соработката меѓу театарските луѓе и меѓусебното разбирање со цел да се зајакне мирот и пријателството меѓу народите.