Денеска едночасовни блокади наместо протест против францускиот предлог

За денеска од 13 до 14 часот најавени се блокади на сообраќајниците во Скопје пред Владата, на патот Велес-Штип, Струмица- Радовиш и Прилеп кај Плетвар како знак на протести против францускиот предлог за кој граѓаните бараат од Владата да го отфрлат затоа што води кон бугаризација. Вечер и утре нема да има протест, а наредниот е закажан за в недела во 19 часот пред Владата. لعبة تربح منها المال
Вчерашниот шести по ред протест се одвиваше мирно на кој говорниците пред Собранието повторија дека нема да биде дозволена промена на македонската историја и македонскиот јазик. Како и во изминатите денови од протестот учесниците побараа оставки и отфрлање на предлогот за кој сметаат дека е срамен. كيفية لعبة البوكر Претходно Владата го проследи предлогот до Собранието. كيف تربح المال من الالعاب Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред почетокот на протестот оцени дека „Владата се плаши самата да донесе одлука и тежиштето го префрла во Парламентот“, нагласувајќи дека ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи какви било уставни измени.