ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска и утре дводневен самит на „Отворен Балкан“ во Охрид

Денеска и утре во Охрид ќе се одржи дводневен самит на иницијативата „Отворен Балкан“, во чиј фокус ќе бидат културата и туризмот.

Advertisements

На самитот ќе учествуваат премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ, а свое учество најави и премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

За денеска предвидена е работна вечера на премиерите на Ковачевски, Рама, Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

За утре, пак, предвидени се официјални обраќања на самитот, а видеообраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На крајот од самитот предвидено е да бидат потпишани договор за соработка на Западен Балкан за меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областа на туризмот, културата и даночната администрација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button