ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска посебен сообраќаен режим поради посетата на делегацијата на Турција на Скопје

Претседателот на Големото национално собрание на Република Турција Мустафа Шентоп денеска ќе го посети Собранието на Северна Македонија. Собраниската прес-служба најавува дека Шентоп ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Advertisements

Поради посетата на Шентоп, денеска и утре во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), поради посетата на делегацијата, Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје во наредните два дена ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје во главниот град.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button