ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест и марш

Поради најавен протест, скопската полиција информира дека денеска ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим во главниот град.

Од полицијата информираат дека од 10 часот денеска пренасочување на сообраќајот ќе има од крстосницата на булеварот „Гоце Делчев“ со булеварот ВМРО кон крстосницата на булевар „Илинден“ со „Климент Охридски“

Посебен сообраќаен режим, поради најавениот марш за видливост на трансродовите лица, скопската полиција најави и за попладне.

Од 16 часот сообраќајот во центарот на Скопје ќе се пренасочува зависно од тоа како ќе се одвива маршрутата на маршот.

„По потреба пренасочување на сообраќајот ќе има по маршрутата по која ќе се одвива маршот и тоа од крстосницата на булевар ‘Гоце Делчев’ со булеварот ВМРО, право по улицата ‘Васил Главинов’, па лево по улицата ‘Димитрие Чуповски’ и во продолжение до булеварот ‘11 Октомври’, пред Собранието на С Македонија“, информираат од СВР Скопје.

Скопската полиција апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници во текот на денешниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button