ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска променливо облачно со повремени врнежи, на некои места ќе има и невреме

Променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд најавува за денеска УХМР. На повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар.
Локално, велат од УХМР, на некои места ќе има и краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветар, а можен е и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а во текот на денот максималната ќе се движи од 17 до 24 степени.