ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне во делови од Скопската Котлината ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.