ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Денеска прва средба на бизнисот, владата и ССМ

Денеска на пладне се очекува да се одржи Економско социјален совет, прв од формирањето на новата влада. На маса ќе седнат претставници од владата, синдикатите и работодавачите.

Advertisements

Најавите се дека ќе се разговара за повеќе теми но прва точка ќе биде минималната плата. Зголемување на минималецот синдикатите бараа уште пред да се одржат изборите и тоа во првите 100 дена од работењето на новата влада но тоа не се случи.

Првично премиерот зборуваше дека буџетот кој што го наследиле е во исклучително лоша состојба и дека ќе им го даде на увид на синдикатите, за потоа да каже дека претседателот на ССМ е избран на сомнителен начин.

Неговата цел била да издејствува повисоки плати без притоа да побара средба. Телма дојде до два документи адресирани до Мицкоски и до Владата од кои може да се види дека синдикатите бараат да се видат со премиерот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button