ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска рочиште против Мерко за незаконско назначување директори на училишта

Рамиз Мерко во јуни најверојатно ќе ја слушне пресудата и за незаконското поставување на директори во неколкуте основни училишта во селата Подгорци, Лабуништа, Радолишта, Велешта и Браќа Миладиновци во Струга. Претходно Мерко и неговиот адвокатски тим, ќе треба да излезат со со своја одбрана, најави денес судијата, Јордан Јованов. Тој вчера соопшти дека во текот на месец јуни ќе има пресуда и за спорната набавка на луксузното Ауди А6.

Advertisements

„Веќе одбраната на обвинетите, која секогаш доаѓа на крај, а веќе сме дојдени до тој стадиум од постапката, кога ќе ја слушниме и одбраната лично“, рече Јованов.

Иако денешното рочиште за училиштето во селото Велешта беше одложено, поради недоаѓање на еден од сведоците, поради здравствени причини, за останатите предмети, тие беа донесени со полициска асистенција, откако на претходното рочиште не се појавија во судница.

„Ние сме дојдени до таа фаза на постапката, кога веќе сме ја исцрпиле листата на докази. Уште овој сведок ни остана и јас веќе им најавив на странките дека на наредната расправа ќе се сослуша уште овој сведок и обвинетите и предметот ќе биде завршен. Фазите во кои се наоѓаат предметите се слични како во оваа фаза. Очекувам дека ќе има разврска како во овој предмет“, додава Јованов.

Мерко се терети дека надвор од законот за основно образование поставувал директори, кои не ги исполнувале потребните критериуми за тоа, односно немале положен државен испит за директор, не поседувале сертификат за познавање на англиски јазик, и не доаѓале од редот на вработените. За Основното училиште во Велешта, има две кривични дела, несовесно работење и фалсификување на исправи. Обвинети се четири лица, меѓу кои и поранешната в.д директорка Егзона Шеи, која е обвинета за фалсификување на исправа.

„Се гони некој за фалсификување, од кривичното дело, употреба на фалсификувана исправа, без да се утврди и да се даде доказ дека станува збор за фалсификувана исправа и без да се покрене било која постапка за тие кои ја фалсификувале исправат. Очигледно е дека тука нешто не е во ред, а ние тоа ќе го докажеме. Требало пред да дојде Егзона, други да бидат овде, а не Егзона“, рече Димитрије Цобоски-адвокат на Егзона Шеи.

Прашање: Дали за ова дело е предвидено затворска казна?

За ова дело е предвидена, меѓутоа да се изрече одлука за виновната и казна треба да се докаже дека на страната на обвинетото лице има одговорност“, рече Цобоски.

Градоначалчникот Мерко уште во јуни 2024 пред судот рече:

„Разбирам зошто сум обвинет, но воопшто не се чувствувам виновен за кривичното дело, бидејќи сум направил еден континуитет на работата на Основните училишта во Струга“.

Но јавниот обвинител, Џемал Лога, тогаш рече: Ние имаме докази, кои тоа ќе го докажеме дека тој го сторил кривичното дело. Ќе одлучи судот, колку ќе го осуди за кривичното дело“. Судењата за струшките училишта продолжуваат на 10 јуни.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button