ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска се 22 години од потпишувањето на Охридскиот договор

На 22-годишнината од Охридскиот договор, еден од неговите составувачи, поранешниот министер за правда Џевдет Насуфи, вели дека прашањата од национално значење не треба да се оставаат на политички волунтаризам. Тој вели дека дел од одговорноста за неисполнувањето на Охридскиот договор ја сносат самите албански политички партии.

Advertisements

„Не можеме да се гордееме со пристојна или рамноправна застапеност бидејќи за крупните прашања кои имаат врска со државата повторно одлучуваат Македонците кои сметаат дека државата е целосно нивна и ни дозволуваат да кажеме колку тие мислат дека е неопходно и по оваа точка тие се единствени, додека Албанците кои не се единствени, туку се дивергентни во својата активност дури и од банални причини“, рече Насуфи.

Додека земјата е на прагот на нови уставни измени, Насуфи вели дека во актуелниот процес треба да се вметнат и некои прашања за Албанците. Според него, функцијата премиер и другите важни функции треба да бидат утврдени со Устав.

„Многу сум скептичен дека Албанците заеднички ќе инсистираат на овие уставни измени и да го бараат дури и она што го велам и што е потребно. Охридскиот договор не е табу, Охридскиот договор не е Куран, Охридскиот договор не е статичен акт. Животот е многу побогат, животот е многу посодржаен, многу понапреден од еден правен политички акт како што е Охридскиот договор. Затоа, несфатливо е заедно со уставните измени кои треба да ги вклучат Бугарите во преамбулата, да се направат измени и во делот да се прецизира државотворноста на Албанците во Македонија, на прецизен и поконкретен начин“, додава Насуфи.

Насуфи вели дека има различност во јавните институции, но според него нема автохтоност за Албанците во однос на одлучувањето од примарен државен интерес.

Охридскиот договор на 13 август 2001 година го означи крајот на востанието на Албанците за еднакви права, по неколкумесечни преговори кои започнаа во Скопје, а продолжија во вилата Билјана во Охрид. Договорот го потпишаа тогашниот претседател Борис Трајковски, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, поранешниот претседател на ПДП Имер Имери, на ДПА Арбен Џафери и тогашниот претседател на СДСМ Бранко Црвенковски. Охридскиот договор го посредуваа специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои исто така ја носат и улогата на гаранти. Охридскиот договор требаше да се спроведе до 2004 година, но и ден денес, 22 години подоцна, многу прашања остануваат нереализирани.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button