ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска се очекува мала облачност, но температурата ќе достигне и до 41 степен

Денеска се очекува да има мала до умерена облачност и ветер, но времето повторно ќе биде многу топло.

Advertisements

Според прогнозите од УХМР, утринската температура ќе биде од 16 до 24 степени, а дневна од 34 до 41 степени.

Во Скопје се очекува максималната температура да достигне до 37 степени.

Земјава се наоѓа во портокалова фаза на опасност од високи температури која се очекува да се задржи и наредните денови и од тие причини Владата издаде препораки за ослободување од работа на бремените жени и возрасните лица над 60 години доколку не може нивните работни ангажмани да ги извршуваат онлајн. Во градинките се препорачува децата да не се изнесуваат на отворено од 11 до 17 часот, а во истиот период препорачано е и да не се работи на отворено, посебно во градежниот сектор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button