
Православните верници денеска го слават Христовото раѓање. Во сите цркви во земјава се одржа литургија, а глваната церемонија беше во Соборниот храм Свети Климент Охридски, од страна на поглаварот ма МПЦ г.г. Стефан.
Претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски упатија честитки за мир и просперитет.
„Божиќ е и можност да почувствувате топли прегратки, да видите широки насмевки и да слушнете убави и благородни мисли за меѓусебно почитување, разбирање, чувство и солидарност…“, изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски испрати порака за единство, но рече дека тоа не се однесува на уставните измени.
Честитка упати и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
На 9 мај минатата година Светиот синод на Вселенската патријаршија, на чело со патријархот Вартоломеј, одлучи да го отстрани долгиот раскол што и беше наметнат на Охридската архиепископија, односно МПЦ, признавајќи ја црковната хиерархија на поглаварот Стефан за канонска во сеправославниот свет и воспоставувајќи канонско и литургиско обединување.
Фатлуме Дервиши