Денеска се регистрирани 416 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.
Регистрирани се 278 оздравени пациенти од:
Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.
Пријавени се вкупно 7 починати лица. Починати се 3 пациенти од Скопје (61г, 66г, 86г), два пациенти од Струга (53г и 73г) и по еден смртен случај од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направените 2705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, ГАК-0, Синлаб-52, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-6, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.