Денеска се регистрирани 48 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-3, Дебар-1, Прилеп-3, Тетово-1, Струмица-4, Кочани-9, Пробиштип-1, Пехчево-1, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од: Скопје-21, Куманово-3, Штип-2, Тетово-5, Струга-6, Битола-1, Гостивар-4, Гевгелија-2, Крива Паланка-2, Радовиш-3, Кочани-6, Пробиштип-2, Виница-2, Свети Николе-1, Кичево-1.
Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.