Денеска се регистрирани 99 нови случаи на ковид 19, починаа 8 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-33, Куманово-7, Штип-5, Прилеп-6, Тетово-4, Струга-2, Велес-2, Битола-6, Охрид-14, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-6, Македонски Брод-3, Виница-1, Делчево-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 214 оздравени пациенти од: Скопје-48, Куманово-25, Штип-11, Прилеп-9, Тетово-23, Струга-8, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-22, Гостивар-21, Гевгелија-4, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Пехчево-2, Берово-6, Валандово-1, Виница-2, Делчево-4, Кратово-2, Свети Николе-10, Кичево-3, Неготино-3.
Починати се 8 лица, два пациенти од Тетово (60г. и 71г.), од Делчево (78г.), Струга (63г.), Скопје (59г.), од Дебар (52г.) и два пациенти од Охрид (70г. и 94г). Седум пациенти се починати во, а еден пациент е починат вон болница.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.