ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска сончево и многу топло

Претежно сончево и многу топло – вакво време нè очекува денеска во земјава, според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Advertisements

Минималните температури ќе се движат од 13 до 20 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 29 до 39 степени. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Сончево и многу топло ќе биде и во Скопје каде што максималните температури ќе достигнат до 39 степени.
Топлото време ќе се задржи во претстојниот период. Утринската температура на места нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а на места и 40 степени, најавува УХМР.

За в недела попладне, пак, најавена е локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button