Денеска сончево и топло, со температури до 33 степени

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
>Во Скопје се очекува слично време, сончево и топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 33 Целзиусови степени.
Во следните два дена, според УХМР, не очекува претежно сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината.