ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска сончево и топло, за време на викендот пороен дожд и пад на температурите

Денеска времето во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја, според Управата за хидрометеоролшки работи(УХМР), ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, повремено во вид на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб дo умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде со вредност осум.

Во Скопје се очекува слично време, со минимална температура од 17 степени, а максималната ќе достигне до 34 Целзиусови степени.

За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер со услови и за краткотрајно невреме. Дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button