ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Денеска сончево со мала до умерена облачност – температурите до 22 степени

Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала од умерена облачност, а во попладневните часови во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура се движи во интервал од шест до 11 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 17 до 22 степени.