ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска топло, но нестабилно со пороен дожд во попладневните часови

Сончево со мала до умерена облачност – претпладне, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи за силен ветер. Вакво време, според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нè очекува денеска во земјава. На места е можно невреме со силен ветер и услови за појава на град, јавува УХМР.

Advertisements

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 16 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.

Промелнивото време ќе се задржи и во Скопје.

Времето во главниот град претпладне ќе биде сончево, но умерено облачно, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и појава на град.

Температурите во Скопскиот регион денеска ќе се движат од 14 до 27 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button