ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска умерено облачно, попладне услови за пороен дожд, грмежи и ветер

Претпладне времето ќе биде променливо облачно со услови за појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Advertisements

Како што информира УХМР, наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.  Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button