ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денеска закана за поставена бомба во гимназијата „Никола Карев“

И денеска закана за поставена бомба во скопско училиште. Околу 14 часот гимназијата Никола Карев добила е-маил за поставена бомба. Веднаш била известена полицијата, а наставата прекината, слично како и во изминативе два дена низ главниот град.

Advertisements

„Веднаш по добиената пријава полициски службеници преземаа мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки и за расчистување на случајот“, наведоа од МВР.

Средношколската унија ги повика учениците на смиреност, а од МВР се бара со поголема посветеност да ги расчисти заканите.

„МВР максимално да се заложи, да ја истражи и расчисти состојбата за повторно да имаме безбедна настава без пречки. Овие закани треба сериозно да се сфатат, имајќи ја во предвид безбедносната состојба во земјава и во светот“, велат од Унијата на средношколци.

Осум средни училишта во средата и девет вчера добија електронски пораки со заканувачки содржини за поставени бомби. Сите досега се покажаа лажни. Слична пријава имаше минатата недела и во ЈСП-Скопје. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, тврди дека полицијата има сознанија од каде доаѓаат заканите, но вели дека не станува збор за сајбер-напади.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button