Денеска затворени за сообраќај неколку улици околу скопското Кале

Денеска од 8 часот на неколку улици во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим. Затворени за сообраќај ќе бидат дел од улиците и булеварите околу скопското Кале. Причината, како што велат од Министерството за внатрешни работи е спроведувањето вежба во координација со Амбасадата на САД.
Од МВР велат дека затворена за сообраќај ќе биде улицата „Самоилова“ на потегот од улицата„Лазар Личеновски“ каде е Амбасадата на САД, до крстосница со улицата „Прохор Пчински“. Исто така, улиците „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“ ќе бидат затворени за сообраќај и на потегот од зградата на ЈП „Водовод и канализација“ до Амбасадата на САД. Од МВР велат дека по потреба за сообраќај ќе биде затворен и булеварот „Никола Карев“ на потегот од улицата „Македонско-косовска бригада“ до „8-ми Септември“ и до потегот од крстосница со улицата „Џон Кенеди“ до крстосницата со „Никола Карев“.