Деновиве буџетот за 2021 година ќе се најде пред пратениците

Предлог буџетот за 2021 година влезе во собраниска процедура. Деновиве треба да се најде на комисиска расправа пред пратениците. Според предлог буџетот, министерството за здравство со панедмијата догодина ќе се справува со скратен буџет од 10 милиони евра споредено со оваа година односно на располагање ќе има 110,2 милиони евра. Главни приоритети се изградба на нови клинички центри во Скопје и во Штип, како и реконструкција на општата болница во Кичево. Иако имаат намален буџет, од Минитерството велат дека пари за борба против ковид 19 има обезбедено.
„Намалувањето на износите се должи на намалувањето на средствата од кредитната сметка од кредитот за изградба на Клинички центар во Скопје. Со ребалансот предвидени се дополнителни средства за уплата на првата рата за набавка на ковид вакцина. Предвидени се дополнителни средства за
набавка на лекот РЕМДЕСИВИР, за заболени од корона вирусот“, наведуваат од министерството за здравство.
Министерството за труд и социјална политика догодина ќе го има најголемиот буџет. Се планира изградба на објекти за детска заштита, како и пари за потикнување за вработување. Министерството за внатрешни планира со дел од буџетот да реконструира полициски станици и гранични премини, додека пак Министерството за одбрана ќе одвои 44 милиони евра за интеграција во НАТО.
Министерството за образование следната година планира да изгради 145 спортски сали во основните училишна, но и изградба на нови основни и средни училипта. Според буџетот на Министерството за транспорт, планирана е финансиска подршка на општините во земјава, но и обезбедени се пари за изградба на пругата кон Бугарија, која се ветува веќе неколку децении. Економските екперти засега немаат коментар за тоа дали буџетот за следната година е правилно скроен.
Андреа Чобанова