ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Денска во Софија ќе се потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија

Денска во Софија ќе се потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија

Денска во Софија ќе се потпише билатералниот протокол меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Advertisements

Потпис на протоколот ќе стават министерот Османи и бугарската шефица на дипломатијата Генчовска.

Потпишувањето ќе биде во 9 часот по македонско време, а претходно ќе се одржи состанок на меѓувладината комисија. Кога протоколот ќе биде потпишан, тој ќе биде јавно објавен.

По потпишување на протоколот, во вторник ќе се одржи првата меѓувладина конференција. Тогаш ќе се прочита отварачката изјава по што ќе стартува скринингот – процес кој се проценува дека ќе трае околу една година.

По завршување на скринингот, по автоматизам се одржува нова меѓувладина конференција за отворање на првото поглавје – но за Македонија услов е и влезот на Бугарите во Уставот. Уставните измени, како што брифираат упатени извори се во предлог-протоколот со формулација „припадници на други народи, како што е бугарскиот народ“.

Според извори на алсат со протоколот е предвидено и заедничко чествување на историски ликови и настани, како и промена на учебници, но дури откако за тоа ќе се договорат историчарите во историската комисија. Нема рокови за работа на историската комисија туку охрабрување научниците што побрзо да ја завршат работата за средновековниот период.

Роковите за промени во историските учебници и за чествувања ќе има откако мешовитата владина комисија ќе ги усвои заедничките заклучоци на историчарите. Според извори на Алсат, протоколот е заснован на реципроцитет и има обврски за двете држави и за историјата и за борбата против говорот на омраза.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button