КОШАРКАСПОРТ

Денвер Нагетси, и без Мареј подобри од Голден Стејт

Кошаркарите на Денвер го добија дербито на НБА лигата против Голден Стејт со 108:105. Никола Јокиќ за 37 минути постигна 35 поени, забележа 13 скока и додаде 5 асистенции. Јокиќ, сепак, најмногу придонесе актуелниот шампион да го надмине отсуството на Мареј и да ја оствари осмата победа сезонава (8-1) и шеста на домашен терен. Никола потроши многу енергија во борбата за Кевон Луни, неговиот фокус падна кон крајот, остана без енергија и ги промаши двата пенали при водство на Нагетс со 107:105 на 15 секунди до крајот.

Advertisements

Вориорс имаа шанса да го реши мечот, за среќа на Денвер, Стеф Кери промаши на другиот крај, а Реџи Џексон на 3,5 секунди до крајот го постави конечниот резултат со казнен поен (1/2).

Овој триумф во целост го изведоа стартерите на тимот на Мајк Мелоун – сите беа „двоцифрени“. Клупата беше проблематична, целосно потфрли, за што сведочат само 12 поени наспроти 42 постигнати од резервите на Вориорс. Кај гостите очекувано Стеф Кери го предводеше нападот со 23 поени. Тој постигна шест тројки од 13 шута и ја продолжи серијата од почетокот на сезоната, ова беше негов деветти натпревар од почетокот на оваа натпреварувачка кампања на кој постигнува најмалку четири тројки.

РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Вашингтон 116:132

Индијана – Јута 134:118

Филаделфија – Бостон 106:103

Бруклин – ЛА Клиперс 100:93

Њујорк – Сан Антонио 126:105

Чикаго – Феникс 107:107, по продолжение 115:116

Хјустон – ЛА Лејкерс 128:94

Мемфис – Мајами 102:108

Милвоки – Детроит 120:118

Минесота – Њу Орлеанс 122.101

Оклахома – Кливленд 128:120

Далас – Торонто 116:127

Денвер – Голден Стејт 108:105

Сакраменто – Портланд 111:111, по продолжение 121:118

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button