КОШАРКАСПОРТ

Денвер славеше над Лејкерси, во ноќта посветена на Коби Брајант

Кошаркарите на Денвер славеа победа над Лејкерси во Лос Анџелес, во ноќта посветена на Коби Брајант. Актуелните шампиони, Денвер Нагетс, славеа победа над Лејкерси 114:106. Јокиќ блесна во вечерта посветена на покојниот Коби Брајант, на кого Лејкерси три часа пред мечот пред својата Арена открија бронзена статуа. Србинот натпреварот го заврши со 24 поени, со 13 скока и 9 асистенции. Во тимот на Денвер најефикасни беа Џамал Мареј и Мајкл Портер со 29, односно 27 поени. Ентони Дејвис постигна 32 поени, Леброн Џејмс имаше 25. а Остин Ривс постигна 15 поени и 10 асистенции.

Advertisements

Голден стејт Ворирос ја декласираа Индијана со 131:109. Стеф Кeри постигна 42 поени, погоди 11 тројки од 16 обиди. Ова е петти меч сезонава во кој Кари постигна најмалку 40 поени. Вориорс ја запишаа петтат победа на последните шест натпревари.

Далас во Њујорк го искористи неиграњето на Џулиус Рендл и Џејлен Брансон и славеше победа 122:108. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, осум скока и 11 асистенции. Во редовите на Њујорк уште еден одличен меч одигра ДОнте Дивиченцо, постигна 36 поени.

Резултати:

Индијана – Голден Стејт 109:131
Орландо – Сан Антонио 127:111
Бруклин – Кливленд 95:118
Њујорк – Далас 108:122
Мемфис – Чикаго 110:118
Милвоки – Минесота 105:129
Феникс – Јута 129:115
ЛА Лејкерс – Денвер 106:114
Портланд – Детроит 122:128

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button