ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деполитизацијата на образованието останува главен предизвик на образованието во земјава

Деполитизацијата на образованието останува главен предизвик на образованието во земјава

Деполитизацијата на образованието останува главен предизвик на образованието во земјава. На научната конференција што се одржа во Тетово, професорот Џеладин Мурати рече дека повеќе од 3 децении реформите во образованието заглавуваат. Првиот човек на општина Тетово, на конференцијата организирана од Здружението на наставници, зборуваше за недостигот на книги во училиштата, како еден од клучните проблеми со кои се соочува образованието.

Advertisements

„Сите досега направени реформи не ја постигнаа основната цел, реформирање на процесот на знаење. Затоа велам дека проблемите во образованието остануваат актуелни и нерешени, бидејќи и министрите, ова е сега 20-ти по ред, немаат концепт што е современо образование и како треба да се реши тој проблем. Сите министри тврдеа дека оставаат белег во реформирањето на образовниот систем, но реално нема напредок бидејќи сите промени што се прават не се во функција на афирмирање на вистински педагошки, образовни и научни вредности”, рече Џеладин Мурати, професор.

„Разговаравме, секое училиште да составува стручни учебници, за да можеме како општина заедно со училиштата да ги обезбедиме како дополнителни учебници, додека министерството не најде долгорочно решение со стручните учебници. Значи работиме оваа година училиштата во Тетово конечно да се снабдат со сите книги што ќе ги обезбеди Министерството и преку општината за стручни учебници„, додаде Билал Касами. Градоначалник на општина Тетово.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button