
Речиси секој ден се менуваат директорите на комунална хигиена додека сметот и понатаму останува неисчистен. Добивме поплака од граѓани за дивата депонија во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„Онаму каде што чистотата треба да биде на ниво, во околината на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, ова е сцената што ја гледате. Цело Скопје се соочува со овие сцени не само сега, туку уште долго време.
Граѓаните велат дека се навикнати на овие срамни сцени.
Проблемот со дивите депонии е сличен речиси низ цело Скопје, а за оваа депонија на просторот на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, испративме прашања до општинското одделение за хигиена за тоа што ќе се преземе во врска со поплаките на граѓаните, но не добивме одговор. Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Јетон Незири, пред неколку дена поднесе оставка на функцијата, а на негово место во ова претпријатие е поставен Сабахудин Рустеми./Алсат.мк
Авни Тахири