
Иако во последните две години нема евидентирани случаи, само во првата половина од овој месец, десетици лица се позитивни на ТУЛАРЕМИЈА тестот. Туларемијата е болест на глодари, како што се стаорците, која се пренесува на луѓето преку контаминирана вода или храна. Здравствените власти велат дека внимателно ја следат ситуацијата и нема потреба од паника.
Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска објаснува кои се симптомите на оваа инфекција.
Болеста кај луѓето се јавува најчесто спорадично и ретко може да има епидемиски форми, но здравствените власти повикуваат да се следат препораките, да се користи добра хигиенска пракса, безбедна вода и храна./Алсат.мк
Ајнур Бафќари