СВЕТ

Десетици загинати во стампедо на религиски фестивал во Индија

Речиси 40 тела се донесени во мртовечница во близина на местото на стампедо на фестивалот Маха Кумб Мела во индиската држава Утар Прадеш, соопштија три полициски извори.

Advertisements

Локалните власти се уште официјално не го објавија бројот на жртвите, речиси 12 часа по инцидентот, објави Ројтерс.

Како што беше соопштено претходно денеска, најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо што се случи утринава на аџилакот Маха Кумб Мела во Прајаграж во Утар Прадеш, додека илјадници приврзаници пристигнаа на свето капење во реката Ганг по повод хиндускиот фестивал на Мауни Амавасија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button