
Меѓу 12 и 15 милиони евра редовни годишни приходи очекуваме да се слеваат во Буџетот од тајванската „Јагео”, откако нејзините фабрики ќе профункционираат со полн капацитет. Тоа, во моментов, е четвртина од вкупните приходи што Буџетот ги остварува од сите компании во зоните, вели за МИА директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски кој вчера во Таипеи го потпиша инвестицискиот Договор со оваа компанија, вреден 205 милиони евра.
Како што нагласува Деспотовски, „Јагео” влегува во земјава со 90 – 95 проценти сосема нова, најсовремена опрема, а платите се очекува да бидат значително над просечните во Северна Македонија.