КОШАРКАСПОРТ

Детроит Пистонс го победи Бостон и врза осум победи во низа

Детроит Пистонс е најпријатното изненадување во досегашниот дел од НБА-лигата, откако овој тим врза осум победи во низа и се искачи на шестото место во Источната Конференција.

Advertisements

Пистонс немаа врзано осум победи во последните 17 сезони од НБА-лигата, но овојпат тоа им појде од рака, и тоа со триумф над шампионот Бостон Селтикс со убедливи 20 поени разлика (117-97). Кошаркарите на Бостон допатуваа во Детроит свесни за податокот дека имаат 12 победи на последните 12 дуели со овој ривал, но тоа беше само мотив повеќе за домашните кошаркари, да одиграат импресивен меч од почеток до крај и да им донесат радост на своите навивачи.

Малик Бисли ги предводеше стрелците на победничкиот состав со 26 поени, Канингем имаше 21 поен и 11 асистенции, додека најефикасен кај Бостон беше Тејтум со 27, пред Вајт и Причард со по 18.

ЛА Клиперс триумфираше на гостувањето против Чикаго со 117-122, пред се благодарение на Харден и неговите 30 поени, додека Гилџус Александер со 27 поени и пет асистенции го предводеше тимот на Оклахома Сити до победа на гостувањето во Бруклин (121-129).

НБА-Резултати:

Детроит – Бостон 117-97,

Индијана – Торонто 111-91,

Њујорк – Филаделфија 110-105,

Вашингтон – Портланд 121-129,

Бруклин – Оклахома Сити 121-129,

Мајами – Атланта 131-109,

Чикаго – ЛА Клиперс 117-122,

Јута – Сакраменто 101-118,

Хјустон – Сан Антонио 118-106.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button