Децата денеска го одбележаа 1 јуни, Светскиот ден на децата.
Децата денеска го одбележаа 1 јуни, Светскиот ден на децата.

Со пораката дека сите деца во светот треба да бидат среќни, децата од Скопје посакаа да запрат конфликтите и на децата да им се вратат насмевките. Од мрежата на организации „Глас на жените за мир и солидарност“ соопштија дека целта на оваа организација е да испратата пораки за солидарност со другите деца ширум светот.
„Јас денес на Светскиот ден на децата посакувам и децата во Палестина да бидат како нас“, рече едно дете.
„Нека престане војната, тоа го сакам, нека престане војната и светот ќе биде многу подобар “, додаде друг.
„Ние сме мрежа на невладини организации и секоја организација има активности кои работат со деца во текот на целата година 5-6 години од постоењето и во изминатите месеци бевме фокусирани на подготовка на меѓународниот ден на детето. К
оја епораката што ја испраќате од тука?
Се солидаризираме со децата од целиот свет и да знаат дека сè што им се случува ќе помине“, Мерсиха Смаиловиќ, координаторка на мрежата Глас на организацијата на жените за мир.
„Денес сме тука да го прославиме меѓународниот ден на детето, со изведба на деца, со различни игри, со културно-уметнички активности, имаме голем недостаток на организации за деца, живееме во времето на технологијата и децата треба да се држат подалеку од технолошките средства“, нагласи Елмедина Абдулахи, движење Мајка и дете./Алсат.мк
Авни Тахири