Децата од Брњарци учат во други села, иако имаат училиште кај нив
Децата од Брњарци учат во други села, иако имаат училиште кај нив

Децата од селото Брњарци од Општина Гази Баба со стари проблеми ја завршуваат оваа учебна година. Пешачат повеќе од 3 километри за да учат во училиштата на албански јазик во општина Арачиново и покрај тоа што во селото каде што живеат има основно училиште и во него учат многу малку ученици со настава на македонски. Од родителскиот совет се надеваат дека проблемот ќе се реши и оти во новата учебна 2022-2023 година во училиштето во Брњарци барем учениците од прво одделение ќе започнат со настава.
„Верувам дека овој пат учебната година ќе продолжи во училиштето во Брњарци, нешто што толку многу го бараме. Постигнавме некаде околу 80 или 85% од сработеното. Првично тоа се прави само за прво одделение бидејќи училишната зграда не ги исполнува условите за повеќе додека Министерството за образование не ја прошири или не направи некоја поголема работа во тоа училиште“, изјави Екрем Салиу, совет на родители
Од општините Арачиново и Гази Баба рекоа дека се работи на решавање проблемот, но сè уште нема ништо конкретно. Алсат побара став и од Министерството за образование. Министерот Јетон Шаќири ни рече дека треба да се обезбедат услови за настава за сите деца со почитување на законските процедури.
„Истовремено, знаеме дека во оваа анализа што ја прави министерството мора да бидат вклучени податоците, почитувајќи го законот за барањата кои мора да се почитуваат за основното образование. Во овој случај, верувам дека добра волја од министерството постои, со добра волја од страна на родителите и соработка, со добра волја и од општина Гази Баба, верувам дека ќе изнајдеме решенија со прилагодување на почитување на барањата кои родителите, да ги поднесат во општина Гази Баба, да се одобри од Советот на општината и потоа барањето ќе дојде до министерството“, изјави Јетон Шаќири, министер за образование и наука
Поради недостиг на албански паралелки во селото Брњарци, над 70 ученици од ова село од прво до деветто одделение се принудени да следат настава во училиштата во Арачиново. Во периферното училиште „Крсте Мисирков“ во Брњарци малку ученици следат настава на македонски. По завршувањето на часовите за нив, училиштето се затвора. /Алсат.мк
Мелихате Рустеми