Децата уште „ќе мерат улици“, никој не кажува дали наставата ќе почне на 1 септември


Alsat
25.08.2020 18:25
Почетокот на учебната година ќе биде утврден во зависност од епидемиолошката состојба и промените во законот за основно и средно образование. Ова го изјави министерот за образование во заминување, Арбер Адеми, додавајќи дека во наредните два дена Владата мора да го одобри планот на Министерството за образование.
„За да започне учебната година на 1 септември, зависи од епидемиолошката состојба и законските измени. Веќе имаме функционален Парламент, Владата утре или задутре ќе треба да го одобри планот на Министерството за образование и да му предложи на Собранието соодветни законски измени, што обезбедува неопходна правна основа за организирање на воспитно-образовниот процес како што планираме.“
И покрај тоа што Владата веќе го објави моделот за реализација на процесот на учење, родителите и натаму бараат нивните деца да се вратат на училиште со физичко присуство.
„Сите се заедно, а кога станува збор за училиште сакаат да ги раздвојат, не знам, не сум компетентен, ние не сме тие што одлучуваат. Има промени, сите деца се на улица, немаат никаква обврска, немаат што да прават, тие дефинитивно ќе останат на улица.“
Ова го бараат и учениците. Некои од нив ги сретнавме во паркот.
„Сега ќе бидам шестто одделение. Сакам да им кажам на наставниците, многу го сакам училиштето. Сакам да одам на училиште. Најмногу ми недостасуваат пријателките, дури и предметот математика многу го сакам.“
Шест дена пред официјалниот почеток на учебната година, Министерството за образование не донесе одлука како ќе се спроведува наставниот процес. И покрај тоа, одредени училишта веќе ги прават последните подготовки за пречек на учениците.
Мелихате Рустеми