ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Девет пожарникари со три возила превентивно дежураат пред опожарената зграда во Чаир

Девет пожарникари со три противпожарни возила од утрово превентивно дежураат пред опожарената зграда во скопската населба Чаир, каде што повеќе од триесет часа гореа подрумските простории, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Оттаму велат дека иако пожарот е изгаснат, на терен превентивно се наоѓаат противпожарникарните единици.

Advertisements

„Причината за пожарот и висината за направената материјална штета ќе бидат дополнително утврдени“, се вели во соопштението од ЦУК.

Пожарот во зградата на улицата „Серава“ во скопски Чаир избувна ноќта помеѓу 1 и 2 октомври, а беше активен повеќе од 30 часа. Вчера околу 9:30 часот беше целосно изгаснат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button