ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Деветмината наши државјани се вратија од Турција

Деветмината наши државјани кои беа затекнати во подрачјата во Турција загрозени од последиците од земјотресот, утрово пристигнаа во земјава и се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за надворешни работи.

Advertisements

Се работи за осум ученици и нивен ментор/наставник, кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Република Турција.

„Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција. Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732“, наведуваат од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button