Деветта титула во 18. финале во кариерата за Григор Димитров

Григор Димитров ја потврди одличната форма на стартот од 2024 година, откако бугарскиот тенисер стигна до пехарот во Бризбејн, во финалето совладувајќи го Холгер Руне со 2-0 во сетови. Ова е прв трофеј на Димитров уште од 2017 кога, кога овој тенисер ги изненади фаворитите и се закити со пехарот на АТП-завршниот турнир.
Првиот сет со Руне го одбележа максимално израмнета борба, во која Димитров беше поумешен во тајбрејкот, добивајќи го со 7-5, откако ја искористи својата трета сет-топка. Руне ја загуби сигурноста во играта, а 32-годишниот бугарски тенисер знаеше како да го искористи тоа, при 3-3 направи брејк и си го трасираше патот до победата, изразена со конечните 6-4.
За Григор Димитров ова е деветта титула во 18. финале во кариерата, и добра увертира пред настапот на “Австралија Опен”.