Дезинформации, „Руско-украинската војна, има само 20 дена и успеа да го надмине интересот што луѓето го имаа за пандемијата“

Норик Селими, шеф на „Пикаса Аналитикс“, експерт за медиумска анализа, во „Емисија 200“ на Алсат, рече дека руско-украинската војна има само 20 дена и успеа да го надмине интересот што луѓето го имаа за пандемијата.
Тој рече дека само во Северна Македонија во текот на денот има околу 10 илјади вести поврзани со оваа војна.
„Руско-украинската војна трае само 20 дена и успеа да го надмине интересот што луѓето го имаа за пандемијата. Високи реакции се секогаш кога има емоција во позадина. Кога станува збор за војна, сите создадоа емоција што ги принудува луѓето во некоја форма да реагираат. Секојдневно во Македонија анализираме околу 10 илјади вести кои се поврзани со руско-украинската војна и тешко е да се препознае дали се вистинити или не. Но, во топ 50 вести, околу 60 отсто се дезинформации, што значи дека дезинформациите успеваат да бидат повисоки по реакција, а тргнуваат од одредена емоција“, рече Селими.