ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Џафери ја прифати интерпелацијата против него, ќе постапи согласно роковите

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прифати интерпелацијата на опозицијата против него. Ова значи дека веќе е во собраниска процедура и течат роковите за разгледување.

Advertisements

„Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ја прифати интерпелацијата поднесена од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и ќе постапи согласно роковите и процедурите утврдени со Деловникот на Собранието“, соопштија од Законодавниот дом.

Во роковите согласно Деловникот се предвидени 15 дена службеното лице против кое е интерпелацијата да одговори писмено. Интерпелацијата е ставена на дневен ред на следната седница на Собранието, 15 дена од доставувањето на одговорот кај пратениците.

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе интерпелацијата откако Џафери против нивна волја ги заклучи пратениците во сала. Тие го критикуваа Џафери за кршење на слободите и правата на пратениците, за неетичко однесување кон функционерите во Собранието, за пристрасност во во водењето на седниците.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button