МАКЕДОНИЈА
Џафери: Партиите навреме да се договорат за терминот за изборите

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги повика политичките партии навреме да се договорат за терминот за одржување на претседателските и парламентарните избори следната година се со цел почитување на законските и уставните рокови.
-До Нова Година треба да имаме консензус по однос на претседателските избори, парламентарните избори се друга приказна и важат други процедури и други рокови и има време до февруари, март, истакна Џафери на денешниот брифинг со новинарите.
Ако партиите немаат согласност и калкулираат, вели тој, јас тоа нема да го оставам така, нема да дозволам да се излезе надвор од она што е пропишано.
-Должен сум тоа да го направам и да обезбедам дополнително време за да не останеме без претседател, посочи Џафери.